Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Лично му се заблагодарив на Борисов за хуманиот гест

Заев: Лично му се заблагодарив на Борисов за хуманиот гест

Зоран Заев со статус на Фејсбук објави дека лично му се заблагодарил на претседателот на бугарската Влада, Бојко Бориосв, по одлуката на соседот дел од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно се купени од производителите, да се донира и на нашата земја. 
„После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.

Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, објави Заев.

Вчера изутрина ова беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство, Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија. Министерот Филипче во Софија беше на покана на премиерот Бојко Борисов и министерот за здравство, проф. Костадин Ангелов. 

-На денешната седница од страна на Владата на Република Бугарија се донесе одлука од секоја колична вакцини протви Ковид 19, која стугнува во Република Бугарија , една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стугнуваат и земјите членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 отсто од населението, изјави вчера министерот Филипче во вестите на ТВ Сител.


Слично

Поврзани вести