Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: ЛГБТИ заедницата ќе ја заштитиме од дискриминација

Заев: ЛГБТИ заедницата ќе ја заштитиме од дискриминација

Премиерот Заев даде поддршка за ЛГБТИ заедницата во Македонија која ќе биде заштитена од дискриминација преку законски измени. Тој присуствуваше на одбележување на 5 години од отварањето на ЛГБТИ центарот во Скопје посочувајќи дека граѓаните покажале дека сакаат држава која ќе биде еднаква за сите.

„Како Влада на Република Македонија застанавме цврсто зад овој концепт што обезбедува живот и иднина за сите граѓани, и одлучни сме, ќе продолжиме да ја градиме Македонија во држава за сите и на сите. Општеството го поставивме на вистинскиот пат. Тоа е патот на демократска и европска Република Македонија. Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш. Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐ самите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасудии стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро. Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐза да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија“ рече премиерот.

Заев исто така посочи дека е свесен за нападите врз ЛГБТИ центарот во скопската чаршија кои никогаш не беа расчистени па затоа ветува дека тие времиња на беззаконие се минато.

„Еден од чекорите што се преземаат во таа насока е подготовката на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, за којшто е во тек е јавната расправа. Целта е, со овој закон да постигнеме законска усогласеност со меѓународните стандарди за човекови права. Дефинирањето поими, што се подразбира под дискриминација, ќе биде во согласност со меѓународните стандарди. Значајни промени се предвидени и во самата Комисија за заштита од дискриминација, којашто ќе биде професионализирана, преку транспарентен избор на членови, докажани во областа на човековите права“ изјави Заев.


Слично

Поврзани вести