ЗАЕВ, КУРТИ, АБАЗОВИЌ: Има криминал и корупција, нерешени проблеми, ама Западен Балкан е подготвен за ЕУ
Премиерот Зоран Заев го отвори утрово Western Balkans Summit 2021, престижен настан во организација на видниот The Economist, настан на кој групацијата Фактор е ексклузивен медиумски спонзор. Настанот го организира The Economist и е насловен како „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“. Премиерот во воведното обраќање рече дека Македонија е фокусирана на постигнување на целта, членството во Европската Унија. Вели дека е горд што земјата го постигна договорот со Грција и го отвори патот на Македонија кон НАТО и унијата, а потоа се осврна повеќе на економската ситуација и очекувањата по ковид.
„Имено, благодарејќи на растот од 5,6 проценти во првото полугодие, односно 13,1 проценти само во вториот квартал од оваа година, неодамна и Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година, од 3,6 на 4,6 проценти. Нашите проекции за оваа година се дека растот може да надмине 4,1 процент, со очекувања дека извозот ќе забележи раст од 10,6 проценти, а бруто-инвестициите раст од 8 проценти.
Ги повика инвеститорите да инвестираат во Македонија.
„Покрај постепеното закрепнување на глобалната економија, наведените позитивни трендови се резултат и на новиот концепт на Владата за привлекување на инвестиции во ТИРЗ-овите, и воопшто на инвестициите во Северна Македонија. Тој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови, врз основана на што се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, па се подготвува индивидуализиран пакет за поддршка од страна на Владата. Ефектите од владините економски политики за поддршка на инвестициите, како и за зголемување на конкурентност на компаниите се евидентни Ќе имаме нов концепт за привлекување странски инвестиции со индивидуализиран пакет за поддршка на компаниите која може да достигне и до 50 отсто од инвестицијата, рече Заев.
Тој вели дека и покрај видливите знаци за оптимизам за блиска иднина, во економијата нештата можат да се променат многу брзо.
„Во последно време Европа, а и целиот свет ги зафаќа страв од инфлација, којашто е резултат на структурни и слични поместувања во пост-ковид периодот, но и високата и нестабилна цена на електричната енергија. Таквите движења може да бидат „увезени“ и во Северна Македонија. Ние сме на отворен пазар. Владата е посветена на водење координирана монетарна и фискална политика и останува да биде присутна за интервенирање во случај на евентуални ценовни шокови, вели Заев.
Премиерот на Косово Албин Курти рече дека иднината на регионот зависи од сите нации кои го сочинуваат. Рече дека се потребни демократски нации а не автократии и дека требада с епосвети внимание на владеењето на правото во земјите.
„Нестабилна демократија е нешто што е карактерситика на овој регион, зависното судство, контролат ана медиумите сето тоа е наш најголем проблем. И конечно ни емораме да се соочиме со минатато и само така ќе с епосветиме на иднината, рече Курти.
Заменик премиерот на Владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ рече дека секоја криза е нова можност адека во Западен Балкан криминалот и корупцијата се најголем непријател.
Нашата реторика не е слична на нашите постапки. Ако сакаме да одиме кон ЕУ мора да сме пријатели на соседната земја да гледаме како пријател. Има многу билатерални нерешни проблеми, но секако има многу потенцијал за развој, рече Абазовиќ.
Инаку панелистите на овој врвен настан ќе дебатираат и ќе се обидат да одговорат на дилемите како стоиме на овој план? Како може да се зајакне стабилноста и соработката во регионот? Како може да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ? Кои се приоритетите за Северна Македонија и регионот во пост-ковид периодот?
Ќе се отвори и дилемата каква е визијата на Европската унија за Западен Балкан, но и дали Преспанскиот договор го промени амбиентот. Дискусии на оваа тема ќе имаат Јоргос Папандреу, поранешен грчки премиер, Јошка Фишер, поранешен вицеканцелар на Германија, Дејвид Гир, евроамбасадор во Северна Македонија, како и Никола Димитров, македонски вицепремиер за евроинтеграции.
Трасирање на патот за раст и просперитет во постковид светот, е дилемата на која свои размислувања ќе презентираат македонскиот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, Јерун Диселблум, претседавач на Еврогрупата, Матео Ривелини од Европската инвестициона банка, како и Анди Аранитаси, шеф на Европската банка за обнова и развој во Македонија.
Ќе се отворат и други значајни теми, како онаа за безбедносните предизвици во постковид светот, на која ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и дискусија за американските приоритети за Западен Балкан, на која ќе говори Габриел Ескобар, американски заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи.
За приоритетите во финансискиот сервисен сектор ќе зборуваат гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, со главни теми фискална политика, финансиски амбиент, но и дали банкарскиот сектор одговара на пост ковид светот.
А.Т.