Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев кон крајот на месецов оди кај Меркел

Заев кон крајот на месецов оди кај Меркел

Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев, потврдуваат од Владата за МИА.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст јули лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

Дали ќе има повратна посета на Меркел во Скопје за време на Дигиталниот самит во април засега нема потврда ниту негирање како што претходно пренесоа повеќе македонски медиуми.


Слично

Поврзани вести