Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ само по барање на судот

Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ само по барање на судот

Доколку судот побара, премиерот Заев ќе се појави како сведок во случајот со петкратно убиство кај Смилковско езеро.

Првиот човек на Владата вели дека тоа му е граѓанска должност и ќе го направи единствено по барање на надлежните органи на кои им ги предал сите материјали што ги поседувал за „Монструм“ .

- Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа ми е граѓанска должност. Сите материјали, не само оние за „Монструм“ коишто сум ги поседувал, се е предадено, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата за планираните инвестиции во комуналната инфраструктура.

Слично

Поврзани вести