Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ќе се опушта со скијање во Германија по уставните измени

Заев ќе се опушта со скијање во Германија по уставните измени

Премиерот Зоран Заев во моментов е на зимски одмор и скијање во Германија каде што ќе ги надминува стресовите по заокружувањето на целокупниот процес со уставните измени како најтежок дел од Преспанскиот договор.

Ова го потврдила владината прес-служба дури откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај сподели заедничка фотографија со Заев на социјалните мрежи. На прашање на медиумите, од кога премиерот е заминат во Приштина и со каква цел, од таму е даден одговор дека Заев минувал транзитно на пат во Германија во приватен аранжман.

Со Харадинај се сретнал неформално на аеродромот во Приштина, каде чекал лет за Германија, а Заев имал слободни денови за зимски одмор.

Неговиот одмор ќе трае цела недела, а покрај Германија, планира да посети и други локации. Лани Заев исто така беше на скијање, но во познатиот италијански туристички центар „Вал Гардена“. Тој е познат љубител на зимските спортови, а често е посетител и на Маврови на познатите места за скијање во Бугарија.


Слично

Поврзани вести