Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ќе реферира кај Могерини што е направено за 2018-та

Заев ќе реферира кај Могерини што е направено за 2018-та

Македонскиот премиер Зоран Заев пред новогодишните празници денеска во Брисел ќе разговара со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан и ќе реферира за тоа што е направено во Македонија во 2018-та и кои се плановите за наредната година.

Станува збор за неформален состанок со шест политички лидери од Западен Балкан организиран од Могерини пред празниците.

Европската комисија претходно оваа година усвои стратегија за земјите од Западен Балкан и ЕУ самит - Западен Балкан во Софија, каде што се собраа претставници на земјите од Западен Балкан и сите земји-членки на ЕУ за прв пат по 15 години.

Могерини состанок од ваков вид со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан организираше и минатата година во Брисел.

Средбата е во невообичаен формат– тројца претседатели и тројца премиери.

Се среќаваат  претседателите на Србија, Александар Вучиќ, Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Косово, Хашим Тачи, и тројцата премиери – на Албанија, Еди Рама, на Македонија, Зоран Заев и премиерот на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.


Слично

Поврзани вести