Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ќе одам кај Меркел и Макрон како Ципрас и Борисов

Заев: Ќе одам кај Меркел и Макрон како Ципрас и Борисов

Зоран Заев, премиерот на Македонија, по литургијата на папата Франциск во Скопје рече дека ќе биде упорен и ќе ги потсетува германската канцеларка Ангела Меркел и фрнацускиот претседател Емануел Макрон дека Македонија треба да добие Датум за преговори од Европската комисија се додека не се осигура во тоа.

„Ако треба и 10 пати ќе одам на средби со Макрон, Руте и канцеларката Меркел, тоа го правеа моите колеги Ципрас и Борисов. Евроинтеграциите се нашата втора цел, првата – приемот во НАТО – веќе е остварена со ратификацијата од 12 земји членки. 14 години се предолго време да се чека пред вратите на ЕУ. Постојано ги потврдуваме вредностите на Европската унија, а тоа го докажавме со посетата на папата и претходно со изборите“, изјави Заев за медиумите.

Тој наведе дека утре групите на власта и опозицијата ќе продолжат со средбите за законот за јавно обвинителство со кој ќе се регулира иднинаната на СЈО.

Слично

Поврзани вести