Заев: Ќе ја тргнеме секоја пречка за изговор од Иванов
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.
Тема на состанокот беше процесот на формирање нова Влада во Република Македонија.
Заев го информирал амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата.
Заеднички е констатирано дека е неопходно да продолжат демократските процеси во Македонија по кредибилните избори, во насока на силна посветеност на реформските процеси што обезбедуваат евро-атлантска перспектива на државата, а со тоа и квалитетен животен стандард за граѓаните и стабилност и безбедност на Република Македонија.
