Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: Ќе ја почитуваме одлуката на Уставен, но ако падне Законот за Бехтел Енка, ќе чекаме и до пет години за автопатиштата

ЗАЕВ: Ќе ја почитуваме одлуката на Уставен, но ако падне Законот за Бехтел Енка, ќе чекаме и до пет години за автопатиштата

Од Уставниот суд ќе зависи каква ќе биде судбината на владините намери за склучување на договор со американско турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградба на автопатот. Премиерот Зоран Заев днеска се обиде да одговори на оваа тема на шега, што доколку Уставниот суд одлучи дека постапката за избор на компанијата Бехтел Енка е спротивна на уставот. Прво тој рече дека ќе скрши рка или нога доколку законот падне. Но потоа сследуваше и сериозен одговор, каде премиерот рече дека Владата ќе ја почитува одлуката, и целиот процес на избор на компанија за изградба на автопатиштата на коридорите осум и десет ќе почне од почеток.

„Ако падне ќе скрши нога, рака, нешто. Ако падне тогаш одлуката на Уставен е конечна, тогаш одиме со постапките две алтернативи, едната е традиционална постапка што државата ја има. А тоа значи проектирање едно три- четири-пет години, па потоа избор на изведувачи, надзори и слично“, рече Зоран Заев, премиер.

Заев вели дека верува дека Уставниот суд нема да го поништи Законот за стратешко партнерство со Бехтел Енка, со образложение дека на тој начин се бирале и компании во соседството, со специјален закон а не со јавен оглас. 

Бехтел – Енка треба да ги гради автопатските делници од коридорот осум: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан, и делницата од коридорот 10  Прилеп – Битола. Станува збор за милионски бизнис.

Слично

Поврзани вести