Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ќе инвестираме во вистинско унапредување на туризмот во Дојран

Заев: Ќе инвестираме во вистинско унапредување на туризмот во Дојран

Од Дојран, опозицискиот лидер Зоран Заев се обврза да го врати животот во тој регион.

Тој пред жителите на Стар и Нов Дојран посочи дека  едно од нашите прекрасни туристички места со годините наназад го има изгубено овој тренд на развој на туризмот, на среќата кај луѓето.

Самите податоци којшто ги влечеме од статистиката, самите еколошки извештаи коишто ни ги даваат, се загрижувачки за сите нас во Македонија.

Заев оттаму го потенцираше проблемот кој е горлива точка на земјава а тоа се иселувањето на младите. 

„Мораме да градиме политики коишто навистина ќе го вратат туризмот во Дојран. Ќе инвестираме во вистинско уредување на плажите, ќе инвестираме во вистинско унапредување на туризмот овде, со комплетна понуда која што навистина Дојран отсекогаш знаел да ја даде поразлично од сите други.

Дури и ова што е направено со езерото, квалитетот на водата на езерото навистина ги поминува сите граници. Знаат рибарите, каде што членувам јас во рибарските друштва, дека ако некогаш се ваделе 500 тони риба од езерото, веќе прашање е дали се вадат 50 тони риба. Тоа само по себе е индикатор колку алармот е кренат и треба да направиме се што можеме во наша моќ за да може да го вратиме животот овде, во ова прекрасно туристичко место, во нашата Македонија“, рече Заев.

Опозицијата вети дека ќе остави сериозен белег во развојот на Дојр

Слично

Поврзани вести