Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ќе им ја свириме Зајди, зајди

Заев: Ќе им ја свириме Зајди, зајди

Зоран Заев ги продолжи личните напади против неговиот главен опонент Никола Груевски и при крајот на предизборната кампања доста шеговито и речиси со омаловажувачки тон говори за политичарот кој по локалните избори ќе има огромен притисок да го напушти ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има се помала поддршка.

„Не случајно овде е испеана анталогиската песна „Свирете ја зајди, зајди“.  Ќе им се свири Зајди зајди на вмровците во Штип кои ги поддржуваат Груевски, Захариев и останатите криминални политичари, но потоа ќе изгрее сонце што ќе донесе живот за сите. Тоа го знаат сите. Слушнав дека наводно ја најавил оставката на 2 ноември, па кој ќе го лечи после со билки, ќе треба некој да му пратиме да се грижи за него“ говореше Заев на партискиот митинг во Штип.

Заев му даде и огромна поддршка на Благојче Бовчарски кој е кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип и вети заедничко реализирање на многу клучни проекти како гасификација, нови мерки за вработување на младите, правилна помош на земјоделците и содржини за спорт и рекреација.


Слично

Поврзани вести