Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ќе го шири мнозинството за реализирање на владината програма

Заев ќе го шири мнозинството за реализирање на владината програма

Премиерот Зоран Заев на денешното присуство на дводневниот форум за владеење на правото во Југоисточна Европа истакна дека една од главните определби на владата е враќање на правдата, како и борба со корупцијата.

„Искуството од скорешното минато низ кои поминаа граѓаните на Република Македонија, во заробената држава, им даваат на заштитата на нашите основни вредности, на основните човекови права, на демократијата и на владеењето на правото - ново значење. Затоа враќањето на правната држава и владеењето на правото, се обврски на кои им приоѓам со најголема одговорност. Владеењето на правото, правната сигурност, и еднаквиот пристап до правдата на сите, се дел од нашиот стратешки концепт „Едно општество за сите“, рече Заев.

За посериозна реализација на владината програма Заев најави дека започнат е процесот на зголемување на парламентарното мнозинство што ќе го следи и реконструкција на Владата при што ќе има место и за партиите кои сега се во опозиција, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести