Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ЌЕ ГО ПОСЕТИ КОСОВО: Со кого ќе има средби?

ЗАЕВ ЌЕ ГО ПОСЕТИ КОСОВО: Со кого ќе има средби?

Премиерот Зоран Заев во вторник на 12-ти декември, ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово.

Предвидена е средба на Заев со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, по што ќе следи и заедничка прес конференција.

Во текот на денот премиерот Заев ќе оствари средба и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Истиот ден е предвидена и средба на  Заев со претставници на Македонско – Косовската бизнис заедница.

Делегацијата предводена од Заев ќе ја сочинуваат министерот за економија,  Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Посетата на Косово на Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев воедно е и прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.

Слично

Поврзани вести