Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ќе го почитуваме мислењето на Венецијанската комисија, мора ако сакаме да влеземе во ЕУ

Заев: Ќе го почитуваме мислењето на Венецијанската комисија, мора ако сакаме да влеземе во ЕУ

.

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање одговори дека Владата е подготвена да ги имплементира забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците кога истите што се најавуваат ќе бидат официјализирани. Шефот на Владата додаде дека ако сакаме да влеземе во Европската Унија, треба да ги почитуваме европските институции.

-Сето тоа што го предлагаат е на нивото на европските пракси и сакаме да учиме од Венецијанската комисија. Рековме дека ја почитуваме Венецијанската комисија, која ќе го даде нејзиното конечно мислење, бидејќи досега како што коментираа, што е поважно дали владеењето на правото и очекувањето да се добие правда или употребата на јазикот. Можеме да дадеме објаснувања колку се важни правото на јазикот и на правда, за на крај да можеме да дадеме свое мислење и да можат тие да го оформат своето мислење, рече премиерот Заев.

На новинарско прашање за забелешката на пратеникот на ДУИ Артан Груби, кој коментира дека цената на мирот е неспоредлива со цената на имплементацијата на законот, односно дека со законот е купен мир, премиерот Заев посочи дека законот е човечко право  што произлегува од правото на употреба на јазици и јазикот е средство за разбирање, за животот да ни биде полесен.

-Оттука и доаѓа буквално употребата на јазиците. Тоа е уставно право на граѓаните. Ништо не се сменило во нашата држава, а граѓаните имаат дополнително право да си го користат, рече Заев.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска рече дека мислењето на Венецијанската комисија може да се најде во спротивност со Рамковниот договор, но и дека треба да се почека да се видат официјалните заклучоци.



Слично

Поврзани вести