Заев ќе го гледа анти-владиниот митинг на опозицијата
Зоран Заев денеска истакна дека нема ништо против најавениот протест на опозицијата и дека со внимателност ќе ги слушне нивните пораки. ВМРО-ДПМНЕ денеска организира прв голем анти-владин митинг откако Христијан Мицкоски е на чело на партијата, а настанот ќе се случи пред владината зграда во 20.00 часот.
-Секоја опозиција е многу важна и има улога во општеството. Јас внимателно ќе слушам за пораките кои што ќе излезат од самиот протест заради тоа што во нормална демократска, слободна држава опозицијата е таа која што и критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во Република Македонија, кажа премиерот денеска при увидот на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.
Слично
