ЗАЕВ ЌЕ ГИ КАНИ КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ НА СРЕДБА? Морачанин и Милевски веќе закажале и своја
Средба на која премиерот во оставка ќе разговара со претседателите на партиите со кои има парламентарно мнозинство била закажана денеска, објавуваат некои од медиумите но од СДСМ не е обезбедува потврда на оваа информација.
Фактор зборуваше со Маја Морачанин, лидер на ДОМ, дел од владеачката коалиција, која не ја отфрли можноста за ваква средба уште денеска. Сепак рече дека прво закажала состанок со членовите органите во нејзината партија и со Горан Милевски, лидерот на ЛДП.
„Закажав состанок, да се видиме ние во партија и да ги издискутираме новите промени и исходот од изборите, не само како резулат од гласањето, туку и промената што ја носи оставката на лидерот на СДСМ од премиерската позиција. Секако.ќе треба да има средба и со Заев, да се видиме и да разговараме за новиет моменти, вели Морачанин за Фактор.
