Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ќе донира возило за болницата во Струмица

Заев ќе донира возило за болницата во Струмица

Премиерот Зоран Заев, утре ќе реализира и лична донација - амбулантно возило за потребите на болницата во Струмица. 

Утре Заев и министерот за здравство Венко Филипче, ќе имаат работна средба со директорот на ЈЗУ Општа болница - Струмица, д-р Наќе Гогов.

Гогов при крајот на октомври бараше донации и алармираше дека болницата нема доволно возила. 

По низа критики, тој го повлече статусот од Фејсбук, но по ова се огласи Заев и вети донација. 

Гогов се пожали дека возилата се стари и често се расипуваат. 

Инаку, Струмица има 641 активен случај на коронавирус. 

Еден милион денари од буџетот на општина Струмиза се пренаменуваат за помош на струмичката општа болница. 

Слично

Поврзани вести