Заев: Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на следната недела
Премиерот Зоран Заев најави дека кинеските вакцини земјава ги очекува до крајот на следната недела.
„Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на следната недела, денеска е веќе прв работен ден после кинеска нова година. Нашата амбасада и кинеската амбасада тука, заедно со компаниите што помагаат со Синофарм, мислам дека веќе ги прават последните чекор. Знаете дека парите се платени од страна на државата. Сето тоа ги потврди следните чекори, околу транспортот, пакувањето, осигурувањето, гаранциите кои треба да се обезбедат, и верувам дека се ќе тече во следните денови и ќе имаме сериозен идентитет за да ги одржиме датумите до крајот на месецот, односно до крајот на следната седмица“, рече премиерот Заев.
Како што е познато земјава очекува 200.000 кинески вакциони, кои се набавени од таа држава.
