Заев кажа што мисли за заканите упатени кон неговото семејство
Моите деца и моето семејство ми се светост како што се светост за сите граѓани децата и семејството и нема да дозволам влакно да им фали од главата, како што нема да дозволам да му фали влакно од главата на секој додека јас управувам, изјави премиерот Зоран Заев по заканите кои се слушнаа во новите разговори објавени на Јутјуб.
„Ги слушнав заканите, немав време да размислувам за заканите, но гледам мојата мајка, сопругата, децата размислуваат за нив и еве денеска можам поотворено да зборувам. Секако не верувам дека нешто ќе се реализира. Мерките на претпазливост се преземени, должен сум како родител и претседател на владата да ги преземам, на крајот на денот за мене е многу важна вистината, вистината излегува вака или онака. Најголемата встината излегува преку судскиот процес, да се знае точно што се случило. Ова е еден од случаите каде јасно се нотира решителноста на извршната власт да се врати правната држава“ – рече Заев.
Тој вели дека тоа е сериозна порака и до Европската унија дека работите во земјава се променети без разлика дали некој е обвинител, газда на медиум или бизнисмен.
