Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев кажа кога ќе имаме избори

Заев кажа кога ќе имаме избори

Според она што денес го кажа премиерот Зоран Заев, скоро нема да имаме избори. 

Тој вели дека избори ќе имаме во 2024 година. 

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за брзи избори. Тие сметаат дека тоа е излез од политичката криза.  Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вели дека македонскиот народ заслужи да ги почне преговорите со  Европската Унија(ЕУ) и ќе биде големо разочарување ако тоа не се случи следниот месец, додека изборите се неопходни бидејќи власта во моментов нема мнозинство и нема легитимитет.

Но, најавите од Бугарија се дека во декември не може да има решение. 

Слично

Поврзани вести