Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев кажа како ќе се попишуваме, но опозицијата негодува

Заев кажа како ќе се попишуваме, но опозицијата негодува

Правиме сѐ за да бидете спокојни за пописот, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Вели дека прават напори предлозите на опозицијата кои се однесуваат на законот за попис да бидат прифатени.  Објасни дека има три категории попишување – едниот дел се вкупно сите граѓани, вториот дел се граѓани резиденти, односно сите граѓани што живеат во земјата и третата група се граѓани што се иселени на подолг период од една година. Тоа вели ја прави беспредметна и ирационална дебатата за етничка припадност или колкави се процентите и слично. Заев кажа дека попишувачите се професионалци и дека нив „не ги дава ни СДСМ, ни ДУИ, ни Алијанса, ни ВМРО-ДПМНЕ“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека важно е да нема фалсификат на пописот.

„Заев сака да спроведе попис без поширока консултација на јавноста и без да ги прифати предлозите на опозицијата. Според начинот на Заев Македонија ќе преброи 3 милиони жители. Без примена а терминали за отисок од прст не може да се утврди реалната слика“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За пописот велат дека Заев не смее да го спроведува на принципот на талибански избори. Од партијата додаваат дека таков попис нема да признаат. 

Слично

Поврзани вести