Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Капиталните инвестиции се слаби затоа што не градиме споменици

Заев: Капиталните инвестиции се слаби затоа што не градиме споменици

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска од собраниската говорница за време на пратеничките прашања одговори дека „оваа Влада има недоволен процент на реализација на капитални инвестиции затоа што не гради споменици“.

Шефот на Владата беше искритикуван во законодавниот дом дека и оваа година динамиката на капиталните инвестиции е многу помала во однос на проектираната сума на пари. По првите четири месеци таа е помала од 10 отсто од предвидената замисла, слично како и ланската година.

„Капиталните инвестиции не се трошат затоа што не градиме споменици и жални врби. Изведувачите треба да забрзаат за да исплатиме. За патишта, железници, гасификации е предвидена дури 87 отсто од сумата, а 12 отсто за градинки и училишта“, одговори Заев.

- Вашиот министер ви врати милијарда денари во буџетот затоа што не сте реконструирале ништо лани. Знаете ли што значи милијарда денари непотрошени - коментираше пратеникот Илија Димовски по добиениот одговор.


Слично

Поврзани вести