Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Јавното обвинителството да каже дали Јанева е вмешана во случајот со Бојан Јовановски

Заев: Јавното обвинителството да каже дали Јанева е вмешана во случајот со Бојан Јовановски

Јавното обвинителството да каже дали специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вмешана во случајот со Бојан Јовановски-Боки 13 за изнудување пари, побара премиерот Зоран Заев. Тој попладнево во интервју за МИА изјави дека токму овој случај покажал дека институциите во земјава работат слободно, без притисоци и влијанија како што било во времето на претходната власт.

„Како што чув од медиумите, одземен е телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да се утврди дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Се работи за личност на висока позиција и тоа остава можност за политички шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена или е инволвирана во овој процес“, рече Заев.

Тој додаде дека и понатаму смета дека треба да се реши статусот на СЈО преку носење на Законот за јавно обвинителство бидејќи ова обвинителство има капацитет, истражители, но и поддршка од меѓународната јавност и очекува дека ќе се изнајде решение во многу брзо време.

Слично

Поврзани вести