Заев: Јас сум за физичко присутво на наставата
Премиерот ЗОран Заев денеска пред медиумите рече дека од 1 септември, лично тој, е за почеток на наставата во училиштата со физичко присуство.
„Јас сум со физичко присуство, мислам дека ќе имаме стабилна состојба до тогаш, особено сега со вакцинацијата. Тоа би требало да биде добра основа да тргнеме со физичко присуство“, рече Заев запрашан пред медиумите.
Премиерот рече дека сепак не сака оваа негова одлука да влијае на Комисијата за заразни болести.
„Членовите во комисијата се принципиелни и тие нема да дозволат моето мислење да влијае на нивната одлука“, рече Заев.
Слично
