Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: ЈАС, ПЕНДАРОВСКИ, ЏАФЕРИ...СЕ ПОЈАВУВАМЕ НА СИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ НА БУГАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, но колку нивните политичари го прават тоа

ЗАЕВ: ЈАС, ПЕНДАРОВСКИ, ЏАФЕРИ...СЕ ПОЈАВУВАМЕ НА СИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ НА БУГАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, но колку нивните политичари го прават тоа

Премиерот Зоран Заев вели дека македонските политичари направиле повеќе од бугарските во однос на искажување почит кон помалите етнички заедници. Оваа негова изјава следува откако бугарскиот претседател, Румен Радев, рече дека смета дека во земјава се кршат правата на граѓаните со бугарска самосвест, но и дека Скопје само мисли оти ги исполнува критериумите за членство во ЕУ.

Според премиерот Заев, дали се исполнети критериумите или не, е проценка на Европската унија. 

„Јас реков, тоа е работа на ЕУ - кога ќе одлучат да го продолжиме процесот, нека ни се јават. Ние во меѓувреме шпродолжуваме со европеизацијата овде, имаме сериозни процеси за спроведување на агендата ‚Европа дома', што значи унифицирање на царинскиот тарифник, тоа е дел од поглавјата што ниер веќе го правиме. Во делот на унапредување на сите други аспекти од општествениот живот исто така секојдневно работиме, затоа што нашиот пат кон ЕУ всушност значи европеизација овде“, нагласи Заев. 

Македонскиот премиер не сака преку медиуми да му реплицира на бугарскиот претседател. Но, како што вели, Зоран Заев се појавил многу пати на манифестации на бугарските здруженија, многу повеќе отколку на македонски, албански или турски здруженија.

„Подигнавме споменик на полковник Гарванлиев, сме покажале респект насекаде затоа што се работи за наш сосед и за граѓани Бугари во нашата земја и ние немаме проблем со тоа.... Дај да видам колку пати нивните политичари од Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалку бројни заедници во Бугарија. Јас, Пендаровски, Џафери, министрите, насекаде сме се појавувале... Така што, најважното на кое треба да се посветиме е да овозможиме младите да не се мразат, историјата што денеска ја пишувцаме е најважна“, рече Заев. 

Слично

Поврзани вести