Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Јас им простив на насилниците од крвавиот четврток, но институциите нема

Заев: Јас им простив на насилниците од крвавиот четврток, но институциите нема

По повод инцидентот во Собрание кој ескалираше на 27 април првиот човек на СДСМ денеска во Обвинителство даде исказ.

Зоран Заев кој беше меѓу стотината повредени пратеници, новинари и полицајци по упадот во Собрание каде падна крв повеќе од еден час пред обвинител ја раскажуваше приказната што се случуваше крвавиот четврток во собрание.

Заев посочи шетмина пратеници од неговата ривалска партија ВМРО ДПМНЕ кои овозможиле да се одигра нападот и кои и овозможиле на толпата да влезе во Законодавниот дом.

„Собранието има пет влеза, демонстрантите се обидоа да влезат само од главниот влез зашто двајца пратеници им ги отворија вратите. На другите влезови челичните шипки и обезбедувањето си го направија своето“, изјавил Заев.

Очекувањата на Заев се пред лицето на правдата да се изведат сите лица за кои има докази, како тие што го извршија така и оние кои го нарачале нападот, кој за Заев е умислен план со цел  обид за убиство.

Лидерот на СДСМ исто така рече дека тој им простил уште следниот ден на насилниците кои му нанесоа повреда на главата, но дека сепак институциите не смее да се дозволи да им се прости.

Слично

Поврзани вести