Заев ја започна кампањата на „На прав пат“
Зоран Заве, премиерот на Македонија, ја започна кампањата „На прав пат“ на терен со денешна посета на општина Лозово со ставање во функција на нова зграда за општинската администрација.
Станува збор за простор од 420 м2 со 16 канцеларии, сите опремени со канцелариска опрема и нова компјутерска технологија, рече премиерот Зоран Заев во општина Лозово. Понатаму, тука ќе бидат и канцелариите на администрација на Јавното претпријатие за комунални дејност, на подрачните канцеларија на Агенцијата за вработување, на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во општините, во населените места, во месните заедници, се одвива животот, секојдневниот живот на нашите граѓани“, истакна премиерот Заев.
За Заев градоначалникот Ацо Велковски со домаќинско и транспарентно работење ја поставил општината на здрави нозе.
