Ќе ја фрли ли Заев „метлата“?
Зоран Заев, премиерот на Македонија, во синоќешното обраќање пред јавноста по победата на владиниот кандидат Стево Пендаровски на претседателските избори не спомена децидно дека од денеска ќе „игра метлата“ што се најавуваше, но рече дека ќе се промени начинот на функционирање на власта. Единствено за оваа тема искоментира по новинарско прашае.
„Промени ќе има во сите сфери. Ние сме избрани од народот и затоа треба да одговориме на нивните потреби. Ќе има кадровски промени, онаму каде што нема резултати и функционалност, без ралика дали тоа е во Владата, министерствата или во други институции. Ве уверувам дека ќе има простор и ќе ги исправиме грешките, ја разбравме пораката“, изјави Заев.
По првиот круг од претседателските избори, кога Пендаровски победи со само неколку илјади гласа во однос на Гордана Силјановска Давкова, По таквиот резултат Заев најави дека ќе има експресни промени во самата Влада, кај функционерите кои не ги дале очекуваните резултати, пониските ешалони на управата, правосудството и во инстанците „каде што се прават опструкции“.
Истовремено Дамјан Манчевски, министерот за администрација и информатичко општество од студиото на телевизија „Телма“ рече дека е задоволен од сработеното на Владата.
- До сега измина половина од мандатот и се што беше ветено во владината програма до сега е реализирано според зададените рокови - рече Маневски.
