Заев: Jа унапредивме употребата на јазиците на сите заедници
Со Законот за употерба на јазиците ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Охрид.
Пакетот ќе оди на усвојување во Парламентот, а потоа откако ќе биде усвоен, ќе треба да помине на венецијанската комисија. Заев вели дека сите одредби во законот се во согласност со Член 5 од Уставот.
„Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, што значи дека во институциите, граѓаните ќе говорат на свој јазик“- рече Заев.
Прв јазик за службена употреба е македонскиот со неговото кирилично писмо.
Законот за употреба на јазиците беше усвоен на синоќешната владина седница.
Од ВМРО-ДПМНЕ има негодување и забелешки дека овој закон се коси со Уставот.
