Заев ја препушта дебатата за уставните измени на другите, оди да се сретне со Санчез и Коста
По два дена дебата за уставните измени, македонскиот премиер Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во Португалија на Конгресот на партијата на европските социјалисти, односно на сестринските-партии на СДСМ.
Заев во Лисабон ќе се сретне со премиерите на Шпанија и Португалија - Педро Сначез и Антонио Коста, кои ја претставуваат типичната левичарска политика во Европа. Средбите ќе бидат во одвоен формат.
Ќе оствари работна средба и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, а таму ќе биде и Претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев.
Во Португалија треба да биде избран заедничкиот кандидат на ПЕС за претседател на Европската Комисија, чиј избор треба да се случи после изборите за Европскиот Парламент идната година, наведуваат од владината прес-служба.
