Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ја кажа причината за уривањето на авионот кај Солунска глава

Заев ја кажа причината за уривањето на авионот кај Солунска глава

Силниот ветер бил причина за уривањето на авионот кај Солунска глава при што загина бугарското семејство Бошнакови.

Ова денеска го даде како одговор на прашањето премиерот Зоран Заев при прес конференцијата со новинарите после работната средба со стопанските комори за иницијативата за воведување скратено работно време при користење на родителско отсуство во Клубот на пратеници.

Имено, денеска посмртните останки на загинатите Георги Бошнаков, неговата сопруга и двете ќерки од кои едната е малолетна денеска ќе бидат испратени во Бугарија.

Од Институтот за судска медицина потврдиле за дел од медиумите дека ДНК анализите се завршени.

Слично

Поврзани вести