Заев изјави дека промените ќе продолжат и на конгресот во мај
Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека промените ќе продолжат и на конгресот во мај.
Ова го кажа на вечерашната онлајн прослава на јубилејниот 30.конгрес на СДСМ. Додаде дека партијата која тој ја предводи е државотворна и дека покажала највисок степен на одговорност во клучни моменти за државата.
„Со храброст и со визија, преземавме одговорност да ја предводиме новата Влада и веднаш се виде разликата. Ја вративме државата на патот на евроинтеграциите. Без да калкулираме со лични и со теснно-партиски интереси, го решивме спорот со Грција. Државата стана членка на НАТО и добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ“, рече Заев.
Премиерот изјави дека СДСМ е партија која победува, но и постојано се менува.
Слично
