Заев: Изборите се одложуваат за втората половина на октомври
Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека се договориле пописот да се одложи за септември и да се реализира од 5 до 30 септември.
Целта е попишувачите дотогаш да ги примат и двете дози вакцини. Дијаспората дотогаш ќе може да се самопопишува и Заев повика граѓаните да се попишат.
„Физичкото попишување е секако поризично од онлајн попишување“, рече Заев.
Изборите наместо во првата половина, ќе се одржат во втората половина на октомври. Кампањата ќе почне по пописот. Заев кажа дека она за што се дискутирало е координирано со коалиционите партнери, но ќе биде слушнат и ставот на помалите партии. Заев ќе се сретне и со Алијансата на Албанците и Алтернатива за законот за државјанства. Законот за попис ќе се менува, но методологијата не.
