Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Избори за претседател на СДСМ по примерот на Социјалистичката партија на Бугарија

Заев: Избори за претседател на СДСМ по примерот на Социјалистичката партија на Бугарија

Премиерот Зоран Заев додека и го честитал новиот мандат на Корнелија Нинова како претседател на Социјалистичката партија на Бугарија во честитката навел дека и СДСМ по обој рпимер ќе спроведе внатрепартиски избори на кои самото членство ќе гласа за раководство и за прв човек на „Бихаќка“.

- Видовме од вас и сега и ние ќе спроведеме непосреден избор за претседател, како најпрогресивна форма на учество на сите членови во изборот на својот претседател, гласи во честитката на Заев која ја пренесуваат денеска бугарските медиуми.

СДСМ постизборно подготвува статутарни измени, кои ќе значат воведување непосредни избори за челните позиции во партијата, наместо досегашните изборни конгреси

Овие избори Заев претходно ги најави за во април следната година.

Слично

Поврзани вести