Заев, Иванов, Ахмети, Димитров и Мицкоски на координација за името
Во Клубот на пратеници утре македонскиот државен врв ќе разговара за иницијалната рамка за решавање на спорот за името со Грција, што ја предложи медијаторот Метју Нимиц во Њујорк.
Владините претставници ќе информираат за последниот сет идеи и за премиерската средба во Давос.
На средбата која е во организација на Министерството за надворешни работи, ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на државата Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Од ВМРО-ДПМНЕ деновиве соопштија дека немаат информации за процесот на преговорите со Грција и очекуваат утре да ги добијат деталите.
Во Грција партиите се со различни ставови околку името, а дел бараат и промени во нашиот Устав со цел да нема иредентизам.
