Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев-Иваниќ: Деболкада на демократските процеси е интерес на Македонија и регионот

Заев-Иваниќ: Деболкада на демократските процеси е интерес на Македонија и регионот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со делегација на Босна и Херцеговина предводена од претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

На средбата се разговарало за унапредување на долгогодишната соработка и пријателство помеѓу двете земји како и за итноста и важноста од деболкада на демократските процеси во земјата што е интерес и на Македонија и на регионот.

Заеднички било констатирано дека стабилноста и мирот во земјата се врвен приоритет за граѓаните на Македонија. а исто така се важни и за земјите од регионот.

Затоа, било истакнато, институциите на системот мора да овозможат продолжување на демократските процеси во земјава.

Слично

Поврзани вести