Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Имам мандат до декември 2020 година, овој мандат може да заврши и на 30 септември

Заев: Имам мандат до декември 2020 година, овој мандат може да заврши и на 30 септември

Јас како премиер имам мандат до декември 2020 година, овој мандат може да заврши и на 30 септември, но јас сум тука да донесам одлука, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој порача дека сега е време граѓаните да донесат одлука на референдум. Сите, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаат еднаква одговорност.

„Сите имаме деца, семејства, општини, држава и сите имаме одговорност. Да ја исполниме граѓанската должност пред татковината. Секој нека излезе и нека гласа како сака. Зад параванот секој е сам“ – изјави Заев.

Тој зборуваше за евентуалните резултати од референдумот. Ако има цензус односно ако излезат да гласаат, на пример, 920.000 и од нив 600.000 гласаат „За“, а 400.000 „Против“, тогаш пратениците ќе мора да ја почитуваат волјата на граѓаните и да се имплементира договорот со Грција до крај. Но, ако 600.000 гласаат против, од вкупно излезени 900.000 или еден милион, тогаш пратениците од мнозинството ќе мора да го поништат договорот.

Слично

Поврзани вести