Заев имал средби со Ахмети, Села и Гаши
По вчерашата куса средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на која лидерот на СДСМ Зоран Заев ја добил поддршката за партијата да биде дел од владината коалиција, според телевизија 21, тој остварил и други средби далеку од очите на јавноста.
Од СДСМ за телевизијата брифирале дека Заев се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши.
Тачи од лидерот на СДСМ Зоран Заев ја побарал Финансиската полиција за да влезе во владата.
Како што објави албанскиот портал Газета Експрес, Тачи сака да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар.
Слично
