Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Има напредок во изнаоѓање решение на спорот за името

Заев: Има напредок во изнаоѓање решение на спорот за името

Премиерот Зоран Заев вели дека има напредок во изнаоѓање решение на спорот за името.

Вели  дека вчера разговарал со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и направен е напредок во креативноста на изнаоѓање на решенијата. 

„Секако тоа се само идеи на маса за кои што продолжуваме да размислуваме. Димитров ги пренесе кај мене, веројатно министерот Коѕијас ќе ги пренесе кај премиерот Ципрас, за да можеме понатаму веќе да ги договориме следните средби“- рече Заев. 

Тој најави дека кон крајот на идната седмица пак ќе има средба на истата тема. 

„Целта е, кога веќе сме дојдени на крајот, кога има критики, ајде да ги добиеме и позитивните поени со можното решение. Убеден сум дека поради креативноста и посветеноста на двете стани во процесот на преговорите, ќе можеме конечно да здивнеме со еден проблем помалку, којшто е еден од покрупните во Македонија, којшто ќе ги отвори портите на НАТО и ЕУ. Притоа важно е да не бидеме обесчестени и понижени, како впрочем и грчката страна“- вели Заев.

Тој верува дека двете страни имаат искрена вистинска намера за решение.

Слично

Поврзани вести