Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Има многу подобри кандидати од мене за претседател

Заев: Има многу подобри кандидати од мене за претседател

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите изјави дека нема да се кандидира на претстојните претседателски избори на пролет следната година, бидејќи Македонија ја чекаат многу важни процеси.

- Неблагодарно ќе биде кон граќаните ако го направам тоа. Следната година ќе треба да се развива економијата. Треба Македонија да се внесува во НАТО и да напредува кон ЕУ. Верувам дека има многу подобри кандидати од мене за таа функција - рече Заев.

Истовремено тој најави дека оваа Влада која тој ја предводи ќе го комплетира целиот мандат, со што уште еднаш потврди дека нема да има предвремени парламентарни изборо.

Во моментов привршува вториот мандат на претседателот Ѓпрѓе Иванов и тој нема да може по трет пат да биде шеф на државата.


Слично

Поврзани вести