Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев им вети на автошколите нов закон за безбедност во сообраќајот

Заев им вети на автошколите нов закон за безбедност во сообраќајот


При носењето на новиот закон за безбедност во сообраќајот внимание ќе им биде укажано и на автошколите кои имаат свои интереси во областа на обучување на кандидати за возачки испити. Затоа премиерот Заев заедно со министерот за внатрешни работи се сретна со Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори „Обука-Л“ при што беше разговарано како да се вклучат во процесот на давање предлози за законското решение и изразување на нивните барањеа.

Премиерот Заев искажувајќи разбирање за проблемите со кои се соочуваат, и од кои зависи и опстанокот на автошколите, ги охрабри да ја продолжат интензивната комуникација со министерот Спасовски за попрецизна и подетална формулација на новото предлог-законско решение.

Министерот Спасовски на средбата информираше дека посочениот предлог-закон, со имплементирани бројни забелешки од јавната расправа, како и од претставниците на автошколите во работната група која го изготвувала законот, по добивањето на комисиското мислење, ќе влезе во собраниска процедура, соопштија од Владата на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести