Заев им се заблагодари на странците: Вечно ќе се памети помошта која живот значи
Премиерот Зоран Заев при денешната посета на Будинарци посебно им се заблагодари на екипите од странство кои помагаат во гаснењето на пожарите во земјата.
„Мештаните, општините и државата се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината.
Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на терен, а пристигна од:
Вечно ќе се памети помошта која живот значи.
Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност.“, објави Заев.
Потсети дека на теренот помага Австрија со 139 луѓе и 57 возила, Словенија со
45 луѓе, 11 ПП и транспортни возила; Србија
со 16 луѓе и 4 хеликоптери за гасење пожар, Бугарија
со 25 луѓе, 3 ПП возила, 1 џип, 1 автобус како и Романија
со авион за гасење пожар и авион за транспорт на логистички средства.
Слично
