Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Илјадници пакети се пуштаат насекаде

Заев: Илјадници пакети се пуштаат насекаде

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ истакна дека неговата фамилија и волонтерите и натаму пакуваат хуманитарни пакети за социјално ранливите групи и појрај тоа што неодамна полиција на барање на струшкото обвинителство упадна во магацинот во Струмица и бараше потекло на пакуваните продукти.

- Продолжуваме, илјадници пакети се пуштени насекаде. Нели викаме дека тие што имаат треба да помогнат сега. Тие пакети одат таму каде што треба, се носат насекаде по државата. Се додека можеме, продолжуваме да помагаме, затоа што многу граѓани, пред се од неформалниот сектор останаа без примања и не е само сметките да се платат, рече Заев во емисијата.

Тој ја повика опозицијата со своите активисти да се вклучат во хуманитарните акции за помош на населението кое е најпогодено од економските и социјалните последици што ги предизвика вирусот корона.

Претходно, од опозицијата го обвинија поранешниот премиер дека корона кризата ја злоупотребува со цел со хуманитарните пакети да купува гласови предизборно.

Слично

Поврзани вести