Заев: Идната година очекуваме препорака за старт на преговорите со ЕУ
Идната година очекуваме препорака за старт на преговорите за членство во Европската унија, вели во интервју за МТВ премиерот Зоран Заев. Во февруари и март ќе се финализира Планот 3-6-9 и ќе има конкретни резултати.
„Знаеме што сакаме, знаеме како тоа да го постигнеме, се надевам дека институциите во Македонија ќе бидат многу прецизни, пред се мислам на Парламентот, Владата нема многу дилеми, граѓанските организации немаат дилеми, имаме одлична кохабитација со претседателот на државата, Парламентот мора да го покаже својот капацитет, без било какви предрасуди или наметнувања од било која страна. Она што е важно за Македонија е да се дебатира до крај и одлуките да се носат- во тој правец јас сум убеден дека ќе се движиме ние многу сериозно“- вели Заев.
Ние работиме и ние ќе бидеме членка на ЕУ, додава премиерот Заев.
