Заев и Верушевски во СЈО со исказ за случајот „Таргет“
Премиерот Зоран Заев и екс шефот на УБК Зоран Верушевски се појавија на сослушување во Специјалното јавно обвинителство.
Тие се повикани во рамки на истрагата „Таргет“, случај кој се однесува на незаконското следење на комуникациите од страна на УБК.
СЈО кога ја соопштуваше истрагата рече дека прислушувани се најмалку 5.827 телефонски броеви за што осомничени се 10 лица, кои биле на раководни позиции или вработени во УБК.
„Преку системите за следење на комуникациите од 2008 до 2015г. незаконски се следени комуникациите на најмалку 4.286 телефонски броеви за кои не биле изадени судски наредби за следење. Кај некои следена е комуникацијата и пред да биде издаде судската наредба и по заврушувањето на наредбата“, соопштија од СЈО.
