Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Шеќеринска носители, ама ќе има и изненaдувања на листите

Заев и Шеќеринска носители, ама ќе има и изненaдувања на листите

На листите на коалицијата на СДСМ ќе има континуитет, но и новини, рече лидерот на партијата Зоран Заев денеска. Вели дека повеќе од досегашните пратеници ќе бидат на листите, ама дека ќе има и нови. Тој ќе биде носител во 4 изборна единица додека носител останува и потпретседателката Радмила Шеќеринска. Конечните листи ќе се знаат по конгресот утре доцна вечерта. Заев рече и дека е при крај заедничката изборна програма на коалицијата, односно на СДСМ и на Беса.

„Денеска ја продолжуваме постапката околу пратеничките листи, се координираме со коалициските партнери. Можам да објавам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на листи, а за другото да ги почекаме органите да одлучат – рече Заев.

На листите ако има носител маж вториот кандидат ќе биде жена. Шекеринска вели дека СДСМ за овие избори одлучила 50 отсто од кандидатите за пратеници да бидат жени и во секоја изборна единица да настапуваат со двајца носители во тандем – маж и жена.

Слично

Поврзани вести