ЗАЕВ И РАМА СО КРИТИКИ ДО ЕУ: Европа има проблем, тоа е самата ЕУ
Премиерот Зоран Заев, рече дека е разочаран што Бугарија ги блокираше преговорите за пристап на Скопје во ЕУ поради спорот со јазиците.
- Тоа е проблемот на Европа сега. Тие не успеаја да спречат една земја да го блокира процесот на проширување поради билатерален проблем - рече Заев по средбата со албанскиот премиер Еди Рама.
Софија бара Македонија официјално да признае дека нивниот јазик има бугарски корени и да стави крај на наводната антибугарска реторика. Скопје посочува дека за нивниот идентитет и јазик не може да се разговара.
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа за ова прашање на состанокот во Луксембург завчера, но не успеаја да постигнат договор.
Формирана е комисија составена од историчари од Македонија и Бугарија, која ќе се обиде да го реши спорот, но досега тие не најдоа заеднички јазик.
