Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев и Пендаровски објаснија зошто не чувствуваат вина за ветото

Заев и Пендаровски објаснија зошто не чувствуваат вина за ветото

Првиот човек на Владата, Зоран Заев и претседателот на државата, Стево Пендаровски не чуствуваат одговорност за ветото на Бугарија. 

Тие го делат ставот дека направиле напори за да почнеме преговори со ЕУ и дека барањата на источниот сосед не биле дел од Договорот за добрососедство.

„Не чувствувам одоговорност затоа што целиот свет знае да не пофали, знае да не награди  и да го покаже тоа колку сме луѓе со поглед кон иднината и Европејци и тоа правиме во европски манири“, рече Заев. 

Сличен е ставот и на Пендаровски.

„Не чуствувам одговорност за ветото затоа што не сме потпишале ниту договориле ни писмено ни усмено ништо надвор од Договорот за добрососедство. Да сме потишале тогаш би можеле да барате одговорност. Не да барате, сами ќе си заминеме“, рече Пендаровски. 

Тој вели дека под „заедничка историја“ не се подразбира дека сме имале бугарска историја. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести