Заев и министрите ќе одговараат пред пратениците
Во Парламентот овој четврток кој воедно е и последен од месец мај 2019 година пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и владините министри.
Седница на Собранието на Република Северна Македонија посветена на пратенички прашања е закажана за во 11 часот.
Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот.
Слично
